Темната страна на О’Саливен – „Тој е лош родител, не сака да си ја запознае внуката“

Рони О’Саливен дефинитивно е најголемата легенда на снукерот и јасно е дека не постои ниту еден човек кој не слушнал за него без разлика на тоа дали го прати овој спорт или не. Тој веќе долги години ги воодушевува сите снукер вљубеници со своите неверојатни партии, но и тој има темна страна кога е во прашање приватниот живот. Јавноста остана изненадена кога одлучи да се огласи неговата ќерка Тејлор-Ен Магнус која откри дека нема никаков контакт со нејзниот татко и дека тој не се потрудил ниту да ја запознае својата внука.

„Зара-Ен ќе порасне без да го запознае. Даде толку ветувања, а на крајот секогаш го прави спротивното. Пред две години говореше како сака да ја запознае својата внука и мислев дека тоа е конечно шанса да бидеме нормално семејство. Секогаш се надевав на тоа, но од тоа ништо не стана. Никогаш не ме повика откако добив ќерка и тоа ми го скрши срцето“, изјави Тејлор Ен. 

О’Саливен во моментов се наоѓа во„Крусибл“ каде се одржува Светското снукер првенство, а веќе избори пласман во второто коло.

Се вчитува...