Тенисот суспендиран до 13. јули

АТП и ВТА објавија дека тениската сезона ќе продолжи најрано на 13. јули, откако е стопирана поради пандемијата од коронавирусот.

„Во склад со откажувањето на Вимблдон АТП и ВТА објавуваат дека суспензијата на сезоната продолжува до 13. јули поради пандемијата од коронавирусот. Покрај Вимблдон откажани се сите турнири на трева (Хертогенбош, Штутгарт, Квинс, Хале, Мајорка, Истбурн, Бирмингем, Берлин и Бад Хомбург). Суспензијата се однесува на сите нивоа на тенис, вклучувајќи ги и челинџерите и ИТФ фјучрс турнирите“, стои во соопштението. 

Сите турнири кои се закажани почнувајќи од 13. јули остануваат на програмата, а од АТП и ВТА истакнуваат дека во моментов во прв план е здравјето на сите.

Се вчитува...