Џон Тери според многумина е најголемата клупска легенда на Челси, ас што освои се што можеше да се освои со лондонскиот клуб. Токму затоа, изненадувачка е изјавата на легендарниот дефанзивец дека негова желба е сезонава со титулата во Премиер-лигата да се закити Ливерпул, а не „сините“ од „Стемфорд бриџ“.
Поранешниот капитен одигра 717 средби за Челси, постигна 67 погодоци и крена пет пехари од Премиер-лигата и еден од Лигата на Шампионите, тој моментно има ангажман во младинската академија на Челси, но сепак негов фаворит за титулата е – Ливерпул.
„Мислам дека титулата е на Ливерпул, не само тоа, јас навивам тие да стигнант до трофејот. Мислам дека страшната трагедија на Жота ќе биде огромна мотивација. Само поради тоа, јас навивам Ливерпул да успее. Не верувам дека Сити ќе може да се носи, веќе покажаа дека се ранливи“, истакна Тери.
Потоа, тој даде мислење за моментниот состав на Челси, тимот кој пред два месеци се закити со трофејот светски клупски првак.
„Официјално сме најдобар тим во светот, среќни сме поради тоа. Сепак, исто така сме и млада екипа и оваа година ќе продолжиме да се развиваме. Не верувам дека Челси поседува доволно искуство за да може да издржи во една трка до самиот крај, исто така не сакам да им создадам дополнителен притисок. Секако, секој играч на Челси треба да верува дека може да слави на секој меч, дека може да стане шампионн. Но ако ме прашате дали искрено верувам во титула, ќе морам да ви одговорам негативно“, прокоментира легендарниот дефанзивец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

