Терзиќ: Ги надминавме сите граници, ова беше најголемата глупост во сезоната

Борусија Дортмунд не го искористи киксот на Баерн Минхен за превземање на врвот на табелата во Бундеслигата. „Милионерите“ ремизираа со 3-3 против Штутгарт во натпревар во кој водеа со 2-0, во 92. минута имаа и водство од 3-2 за во 97. минута да примат гол кој им донесе само еден бод.

Предводникот на клубот од Дортмунд, Един Терзиќ вината за ремито го најде во редовите на неговиот тим и недисциплината до завршните минути.

„Тешко е да најдете зборови за вакво нешто. Мислев дека веќе ја доживеавме најголемата глупост сезонава (за натпреварот против Вердер во кој Борусија Дортмунд водеше до 89. минута, а доживеа пораз од 3-2), но ова ги надмина сите очекувања. Конкурираме единствено за титула во Бундеслигата, ја сакаме титулата, но мора да сфатиме дека мора и да ја оставиме кожата на терен за победа. Изгубивме бодови бидејќи ја изгубивме дисциплината. За ова нема одговорност кај други, сами сме си криви“, вели Терзиќ.

Се вчитува...