Тешка повреда на Шермити, Миовски ќе добие шанса во Глазгов Ренџерс

Бојан Миовски се уште има иднина во Глазгов Ренџерс, иако македонскиот репрезентативец не доби ниту една единствена минута шанса да се докаже кај новиот тренер Мекинес.

Се најавуваше дека нашиот ас би можел да го напушти шкотскиот гигант доколку ситуацијата не се промени наскоро, но плановите целосно се изменија по тешката повреда што ја заработи напаѓачот на Ренџерс, Јусеф Шермити.

Младиот Португалец настрада при последниот пораз од Хибернијан, и тоа не по дуел со противничкиот играч туку при удар во рекламите зад гол-линијата. Деталните прегледи покажаа дека станува збор за сериозен проблем со лигаментите на коленото, Шермити го очекува повеќемесечна пауза, што е дополнителна главоболка за тренерот Мекинес.

Ова целосно ја менува и ситуацијата за Миовски, на кого сега ќе се гледа како на значајна опција во нападот кога Шермити веќе не е во комбинација.

Глазгов Ренџерс го очекува реваншот од европските купови со Јагиелонија, дуел на кој шкотскиот гигант ќе брка резултатска негатива, па најавите велат дека македонскиот ас би можел да биде и стартер, рамо до рамо со Шенкленд кој е клучен играч кај тренерот уште од времето што двајцата го минаа во Хартс, пред летово заедно да пристигнат во таборот на ренџерси.

Се вчитува...