Тешка повреда: Нејмар на носилки изнесен со солзи во очите

ПСЖ претрпе пораз на дербито со Лион, но многу поголем проблем за „светците“ од загубените бодови претставува повредата на Нејмар.

Бразилецот настрада при еден старт на Мендез во судиското продолжение, по што судијата му покажа црвен картон на гостинскиот фудбалер бидејќи веднаш стана очигледно дека повредата на Нејмар е крајно сериозна. Лекарите му укажаа помош, но тој не можеше да продолжи, туку со солзи во очите, на носилки беше изнесен од теренот.

Првите информации говорат дека се стравува за скршеница на скочниот зглоб, повреда што доколку се потврди ќе го оддалечи Нејмар најмалку три месеци од фудбалските терени.

Се вчитува...