Словенците неочекувано одлучија да ја прекинат соработката со Веселин Вујовиќ и тоа на само еден месец до Европското првенство, образложувајќи дека дошло до заситување меѓу него и ракометарите кое би можело да го загрози нивниот резултат на собирот на најдобрите на Стариот континент.
Но, популарниот Вујо има своја верзија за отказот, нагласувајќи дека му пресудил оној испад за време на тајм-аутот на дуелот против ППД Загреб кога на млад словенечки ракометар урлаше: „Умри бре…, повеќе да не те гледам“. Тоа, според Вујовиќ, довело до бунт кај останатите ракометари кои пред сојузот поставиле ултиматум „или тој, или ние“.
Во меѓувреме на површина испливуваат и уште многу други нешта, па се до тоа дека земал и пари од ракометарите…
„Вујовиќ уживаше во играње покер, но го играше само за забава и опуштање. Сепак, секој кој сакаше да игра со него мораше да плати иницијален износ од 300 евра. Тоа важеше и за самите ракометари, па дури оние кои ќе учествуваа во игрите покер со него и му беа омилени. Кои не сакаа да играат ги решаваше со контроверзни ‘тренерски техники’ на тренинзите и на натпреварите, како што беше неодамна случајот со Алекс Влах. Играњето уценувачки покер често се случуваше и на подготовките на репрезентацијата, па дури и на самите првенства“ – пишува словенечка „Нова24“.
Словенците и натаму лицитираат со неколку имиња од кои ќе се бара наследникот на Вујовиќ, како што се Хуан Пастор, Талант Душебајев, Алфред Гисласон, а не е исклучено довербата да се даде и на досегашниот асистент Урош Зорман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА