Екипата на ТФТ донесе уште едно странско засилување во своите редови откако денеска го потпиша интернационалецот од Гвинеја, Секу Сила.
Овој кошаркар доаѓа од шампионатот на Шведска каде имаше импресивен дабл-дабл просек од 21,6 поени и 10,7 скокови и нема сомнеж дека ќе биде значаен адут на тренерот Смилковски во сезоната што следи.
„Машината за „дабл-дабл“… од репрезентацијата на Гвинеја 🇬🇳, преку улиците на Њујорк, директно во Тафта Сити! 🫶
Минатата сезона настапуваше за BC Köping Stars во првата шведска лига, каде што бележеше извонредни 21,6 поени и 10,7 скока по натпревар, остварувајќи доминантен просек на „дабл-дабл“.
Во текот на својата кариера настапувал и во САД (NCAA Дивизија I и II), Австралија, Финска, Словачка, Македонија, Шведска и Доминиканската Република, постојано докажувајќи се како еден од најпродуктивните центри на теренот.
Добредојде во црно-белото семејство, Сила! 👊“, објави ТФТ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
