ТФТ го здроби Кожув за втор триумф во Првата лига

Новалијата ТФТ стигна и до вториот тирумф во Првата лига откако во рамките на 5.коло успеа да слави над Кожув со 83-62 во натпревар во кој видовме две различни полувремиња. Домаќините доминираа во првото полувреме на двете страни од паркетот постигнаа 55 поени, а примија само 34, но се загубија во третата четвртина, а гостинот од Гевгелија немаше доволно свежина во своите редови за голем пресврт.

По воведниот грч домаќинот ги зема работите во свои раце. ТФТ одигра одлично во нападот и одбраната во целото прво полувреме, агресивната одбрана ги тераше гостите од Гевгелија на изгубени топки кои резултираа со лесни поени на спротивната страна, а избраниците на Смилковски забележаа и шест блокади па скопскиот состав веќе на полувремето имаше огромни +21 (55-34).

Одличното темпо кое го наметна ТФТ во првото полувреме, не беше пресликано и во второто во кое Кожув ги намали грешките, а го најде и патот до противничкиот кош. ТФТ не изгледаше на екипа во третата четвртина во која домаќините постигнаа само седум поени, па гостите од југот целосно се вратија во игра (62-54). ТФТ ги консолидираше своите редови па на индивидуален квалитет успеа да ја врати големата преднсот во последната четвртина, притоа ја зацврстија и одбраната, а Кожув овој пат немаше сили за повторно враќање.

Американското дуо во редовите на домаќинот Смит-Андресон го предводеа својот состав со по 23 поени на кои дададоа и дабл-дабл учинок од по 13 скока, додека Тај Харис натпреварот го завшри со 23 поени и 10 асистенции. Кај гостите нарасположен беше Антван Максвел со 15 поени и 10 скока, додека Димитар Караџовски додаде 13 поени и 8 скока.

Се вчитува...