ТФТ со премиерна прволигашка победа (ФОТО)

Кошаркарите на ТФТ ја забележаа премиерната прволигашка победа во клупската историја откако славеа на гостувањето во Струга против Црн Дрим со резултат 69-79. Пресметката на двата нови прволигаши мина во надмудрување на двајцата американски плејмејкери, Рос на едната и Харис на другата страна, при што поуспешни беа гостите од Скопје.

ТФТ подобро го почна мечот и во раната фаза поведе со 2-12, но домаќините успеаја да се вратат и првата четвртина да ја завршат со само два поени негатива (16-18). На одмор се замина со израмнети 40-40, за ТФТ клучната предност да ја направи во последните десет минути, кога оваа екипа повторно стигна до двоцифрена предност што овојпат ја задржа до самиот крај.

Харис беше клучна фигура на оваа средба постигнувајќи 33 поени, надополнети со девет скока и две украдени топки. Австралиецот Андерсон придонесе со 18 поени во овој триумф на ТФТ, додека најефикасен кај Црн Дри беше Рос со 27 поени.

Се вчитува...