Играчот од средниот ред на аргентинската репрезентација, 25-годишниот Тијаго Алмада, стана најскапиот фудбалер во историјата на аргентинската фудбалска лига откако премина од Атлетико Мадрид во Ривер Плeјт за 20 милиони евра.
Трансферот на Алмада, кој во 2022 година беше дел од аргентинската репрезентација што ја освои светската титула во Катар, а летово беше и дел од тимот што освои сребро во Северна Америка, изнесува 20 милиони евра. Со тоа беше соборен минатогодишниот рекорд, кога Колумбиецот Кевин Кастањо премина од рускиот Краснодар во Ривер Плејт за 16 милиони евра.
Алмада потпиша договор со Ривер до 2029 година. Ова претставува враќање на Алмада во татковината по четири години, во текот на кои настапуваше за четири различни клуба на три континенти. Прво играше во МЛС-лигата за Атланта Јунајтед, потоа за бразилскиот Ботафого, пред да пристигне во Европа во јануари минатата година. Пролетта 2025 година ја мина во Лион, а сезоната 2025/26 во Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
