Тоа што е ПСЖ за Барса, Монако е за „светците“ (ВИДЕО)

По големата победа над Барселона во Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен се врати на поразите во францускиот шампионат, откако вечерва на домашен терен беше поразен од Монако со 0-2. Стрелци на головите за „кнезевите“ беа Диоп во 6. минута и Марипан во 51.

Со овој пораз „светците“ влегуваат во голем проблем да ја одбранат титулата во домашниот шампионат, бидејќи во моментов се на третото место со 54 бода, односно четири помалку од лидерот Лил кој е во неверојатна форма. Монако е само место подоле со 52 бода.

 

 

Се вчитува...