Тодороски: Одиме до крај да се бориме за првото место

Еден од оние репрезентативци кои имаше свој придонес во победата на Македонија вчера над Гибралтар е Тодор Тодороски. Десниот бек, кој често се уфрлаше и во нападот на репрезентацијата, запиша една асистенција за четвртиот гол на Чурлинов, а потоа и самиот можеше да се запише во листата на стрелците, но неговиот удар во вториот дел беше одбранет од противничкиот голман.

Тодороски кажа дека му е драго поради асистенцијата во националниот тим, и дека сега во последните два меча Македонија ќе оди да го освои тоа прво место во групата.

„Задоволен сум од изданието на репрезентацијата, а за мене индивидуално ми е многу драго за првата асистенција во репрезентацијата. Секој натпревар е важен, па и овој, и не е важно кој е на спротивната страна. Ние сме Македонија и одиме на победа на секој меч, без разлика со кого играме. Сега по киксот на Грузија, како и секогаш се е во наши раце, и одиме да го освоиме тоа прво место. Честитки за тимот за одиграно и одиме да се бориме до крај“, рече Тодороски.

Се вчитува...