Томас Тухел доби отказ во ПСЖ

Европскиот вицешампион, Пари Сен Жермен одлучи да се раздели со тренерот Томас Тухел, пренесуваат француските медиуми. И покрај тоа што „светците“ сезонава се во игра за освојување на сите трофеи, од клубот не се задоволни од работата на Германецот, бидејќи по 17. одиграни кола тимот се наоѓа на третата позиција со бод помалку од водечкиот двоец Лион и Лил.

Тухел на „Паркот на принцовите“ стигна во 2018 година, а во двете сезони поминати на клупата на тимот од Париз успеа два пати да го освои домашниот шампионат и по еднаш Лига купот и Купот на Франција. Минатата сезона успеа да го однесе тимот и до првото финале во Лигата на шампионите во кое беше поразен од Баерн Минхен.

Францускиот шампион во следните денови ќе го објави името на новиот тренер, а како најсериозни кандидати се Масимилијано Алегри и Маурисио Покетино.

 

Се вчитува...