Томас Тухел создаде неочекуван проблем за Манчестер Јунајтед

Промената на тренерската позиција во Баерн Минхен од каде замина Јулијан Нагелсман, а пристигна Томас Тухел создаде и неочекуван проблем за Манчестер Јунајтед. Имено, германскиот стратег во својот тим сака да го види Марсел Сабицер, отпишаниот Австриец кој е на позајмица во редовите на „црвените ѓаволи“.

Сабицер не доби шанса под водство на Нагелсман, а по преминот на „Олд Трафорд“ одлично се приспособни на новата средина. Тој изрази и желба да остане во редовите на Манчестер Јунајтед, клубот желба да го задржи, но мала е веројатноста дека „баварците“ ќе дозволат негов официјален трансфер.

Стандардниот репрезентативец на Австрија кој во минатото ги бранеше и боите на Лајпциг во Бундеслигата премина во Баерн Минхен во 2021 година по трансфре вреден 16 милиони евра. Неговиот договор со германскиот тим е со важност до 2025 година.

Се вчитува...