Томиќ лажел дека е заболен од Ковид-19

Германската тенисерка Андреа Петковиќ изјави дека австралискиот тенисер Бернард Томиќ лажел дека е заболен од коронавирус и дека тоа го направи без посебна причина.

„Од вторникот се чувствувам лошо. Имам проблем со дишењето, имунитето ми е низок и потрошен сум. Во моментов сум во Мајами, изолиран од сите како што е советувано. Треба да ме тестираат на Ковид-19, но ги имам сите симптоми“, изјави Томиќ по испаѓањето од турнирот во Мексико. 

Сепак, овие зборови се лага, бидејќи Томиќ воопшто немал никакви симптоми.

„Често зборува без да размисли. Последниот пат беше околу коронавирусот. Му пишав пред неколку дена и призна дека тоа е лага и дека дури и не знае зошто тоа го изјавил“, рече Андреа Петковиќ. 

АТП сезоната е суспендирана поради пандемијата до почетокот на јуни, а поради озбилноста на вирусот, се поблиску е да дојде до одложување и на Вимблдон.

Се вчитува...