Томислав Димковски го засили Тиквеш

Уште еден млад и талентиран ракометар си замина од Пролет. 21-годишниот Томислав Димковски, во иднина ќе го носи дресот на Тиквеш.

Димковски доаѓа во кавадаречкиот тим како засилување за централната бековска позиција на екипата. Тиквеш ја искористи позицијата на РК Пролет кој најави повлекување од Супер-лигата, и успеа да го ангажира овој талентиран ракометар.

Се вчитува...