Томовски единствена светла точка, на Вардар му се подготвува нов срам против Веспрем

Ракометниот шампион на Македонија има негатива од … против Веспрем во реваншот од осминафиналниот двомеч во годинашното издание од Лигата на шампионите. Единствена светла точка во таборот на нашиот тим беше голманот Мартин Томовски кој полувремето го заврши со … интервенции.

Како и во Скопје, така и во Унгарија, Веспрем подобро го отвори натпреварот и во неколку наврати имаше плус два, a со голот на Петар Ненадиќ од пенал по десет минути домаќините имаа и највисоки плус три (6-3).

Мартин Томовски беше единствената светла точка во нашиот состав и со неколку одбранети зицери успеа да го доведе својот тим на негатива од само еден гол 7-6, а „црвено-црните“ тргнаа и во напад за израмнување. Сепак, следеше грешка на Дибиров, по која Шипо стрелаше на празната мрежа за ново водство од два разлика на домаќините 8-6. Вардарци повторно грешеа, а Томовски не успеа да продолжи во истиот ритам, па Веспрем во 18. минута повторно стигна до највисоките плус три 10-7. Следеше статива на Талески, која ја казни Штрлек и донесе ново највисоко водство за Унгарците 11-7.

Следеше период во кој избраниците на Илиќ четири минути играа со играч повеќе, а нашиот тим успеа да ја намали негативата само за еден гол (13-10). Иако ја имаше контролата на мечот домашниот тренер се одлучи во 22. минута да го повика својот прв тајмаут на натпреварот.

Томовски продолжи да воодушевува на голот на „црвено-црните“. Ја забележа својата шеста одбрана, која како и во поголемиот дел од првите 30 минути неговите соиграчи не ја материјализираа. Повторно погрешија во нападот, Жереми Тото доби исклучување, а Веспрем на пет минути до крајот на мечот повторно стигна до плус четири (15-11). Нова техничка грешка во нападот, доведе до највисоки плус пет за домаќините со голот на Андријас Нилсон (16-11). Грешките се нижеа како на лента, а со голот на Лекај во 28. минута негативата на Вардар достигна шест гола (17-11). До крајот на полувремето Вардар успеа да намали само еден гол од негативата и на пауза да замине со (18-13).

Томовски со шест одбрани од кои сите во првите петнаесет минути е најдобриот поединец кај Вардар, додека Кевин Нијокас, Тото и Џукиќ постигнаа по два гола. Кај домаќините Нилсон и Мае стигнаа до бројката од пет гола, а Коралес остана на три интервенции.

 

Се вчитува...