Торино настрада од „Пеналдо“

Италијанскиот првак Јувентус го доби градското дерби против Торино, славејќи на Олимпискиот стадион со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Кристијано Роналдо од пенал во 70.минута од натпреварот. „Старата дама“ сега има убедливи 11 бода предност пред Наполи на врвот на табелата во Серија А.

Јувентус беше за нијанса подобар противник, а по една грешка на одбраната, Марио Манџукиќ излезе сам пред Сиригу и голманот на Торино го собори во шеснаесетникот. Роналдо беше сигурен реализатор на најстрогата казна, сосема доволно за нови три бода за Јувентус. Тоа беше и 5.000 гол за клубот во Серија А.

Се вчитува...