Тотално полуде Нелсон Вивас: „Растргна“ се од себе, и го напушти мечот… (видео)

Нелсон Вивас е добро познато име во светот на фудбалот, посебно во Аргентина. Овој поранешен играч на Арсенал и Интер, и аргентинска легенда на Бока јуниорс и Ривер Плата, сега е тренер на Естудијантес.

Токму против Бока јуниорс, Вивас имаше вистинско шоу покрај теренот. Судијата го исклучи за време на првото полувреме, а реакцијата која следеше беше едноставно неверојатна… Вивас најпрво вербално го нападна судијата, потоа „растрга“ се од себе, па луто замина кон соблекувалната.

Контроверзниот Аргентинец и порано имал големи скандали. Во центарот на вниманието се најде во 2013 година кога како тренер на Куелмеш нокаутираше навивач на овој тим. За време на својата богата кариера Вивас и 39 пати го носел дресот на репрезентацијата на Аргентина, постигнувајќи и еден гол…

Nelson Vivas by goloviliga

Се вчитува...