Тотенхем „готви“ нов договор за Покетино

Раководството на Тотенхем подготвува нов договор за нивниот менаџер, Маурисио Покетино. Аргентинскиот стратег во 2016 година потпиша петгодишен договор со „петлите“, со плата од 5.5 милиони фунти годишно, но челниците на клубот сакаат да се осигураат дека соработката со Покетино ќе трае долги низ години.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Тотенхем се обидува да го оттргне Поч од рацете на два европски гиганти кои на лето ќе ги менуваат шефовите на стручните штабови. Реал Мадрид и ПСЖ водат „војна“ и надвор од Лигата на шампиони, а „наградата“ е токму предводникот на „петлите“.  Но, самиот стратег пред извесно време истакна дека би сакал да остане на чело на клупата на Тотенхем уште најмалку 10 или 15 години, што значи дека Реал и ПСЖ остануваат со празни раце.

Откако Покетино го презеде премиерлигашот, клубот постепено го поправаше својот пласман во шампионатот. Првата сезона беа шести, следната петти, потоа завршија како третопласирани, за на крај минатата сезона да завршат како вицешампиони. Управата сака да го задржи својот тренер, добрите резултати се се почести, особено против „големата шестка“ во Англија, но и успехот во Лигата на шампиони. Засега се без трофеј, но тоа е следната цел на Покетино.

Се вчитува...