ТРАГЕДИЈА: Почина Алфредо Квинтана

Голманот на Порто, Алфредо Квинтана, почина денеска губејќи ја најважната битка по срцевиот што го имаше пред неколку дена. Лекарите со сите сили се обидуваа да го спасат португалскиот репрезентативец, но состојбата во која тој бил донесен во клиниката била исклучително тешка, па сите напори на медицинските лица не вродија со плод.

„Ова е порака што никогаш не мислевме дека ќе ја објавиме. Нашиот Алфредо Квинтана не напушти денеска. Засекогаш ќе биде запаметен како еден од нас. Почивај во мир“, објави Порто на официјалната веб-страница.

Се вчитува...