Кошаркарската јавност во регионот е во шок по трагичната вест што пристигнува од Црна Гора, каде на 22-годишна возраст почина судијата Бранко Шариќ.
Станува збор за перспективен судија кој бил дел од листата на официјалните натпревари на федерацијата на Црна Гора. За трагедијата да биде поголема, Ѓариќ починал на терен, за време на делење на правдата на пријателскиот натпревар меѓу екипите на Теодо и Вукови.
На младит судија ненадејно му се слошило, по што прв на помош му притрчал физиотерапевтот на домашниот тим, Борис Кнежевиќ, кој му помогнал до пристигнувањето на итната медицинска служба.
Младиот судија веднаш бил пренесен во болницата во Котор, но, за жал, неговото срце не издржало.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
