Жезус: Вратата за камбек на Роналдо е отворена, но јас немам за што да се извинам

Португалија забележа уште една победа во рамките од Лигата на нации, но а јавноста многу поважно беше она што се случуваше по натпреварот, најавената прес-конференција на која Жорге Жезус најави дека ќе говори за скандалозното повлекување на Кристијано Роналдо.

Искусниот стратег јасно стави до знаење дека вратата за Роналдо не е затворена и тој ќе биде повикан следниот месец за Лигата на Нации, доколку Кристијано го сака тоа.

„Не знам што ќе одлучи Крис, никој од нас не знае. Јас ќе кажам една работа – за мене ова никогаш не беше проблем, ова беше нормална ситуација за мене како тренер. Имам многу фудбалери и јас сум тој кој решава кој ќе игра. Да, Ронадо е симбол на португалскиот фудбал и можам да кажам дека тој ќе биде повикан во репрезентацијата и на следните натпревари. Дали ќе игра? Тоа ќе одлучи тој самиот. Мое лично мислење е дека треба да игра, ако е стандарден во Ал Наср, затоа што Роналдо не треба да се прости неиграјќи, заминувајќи од репрезентацијата. Тој треба да игра за Португалија и да победи, така треба да се памети неговиот последен меч“, истакна Жезус.

Сепак, португалскиот селектор испрати јасна порака да не се очекува извинување од негова страна, обелоденувајќи дека суштината на проблемот била што Роналдо бил испратен на загревање во Норвешка, но потоа не влегол во игра.

„Не се извинувам на никого. Што беше проблемот… играч отишол да се загрева, потоа не играл… Тоа е вистината. И сега, за што да се извинам… на кого… Што е проблемот, тренерот да реши во зависност од играта и од резултатот кој од играчите што се загреваат да влезе, а кој не. Јас не гледам никаква вина, така што извинување нема да има“, порача гласно Жорге Жезус.

Се вчитува...