Комплименти од ривалот: Србија нема бод, но има топ тим

Србија го претрпе четвртиот пораз на четвртиот натпревар во Лигата на Нации, но за разлика од претходниот меч со Германија на кој ривалот целосно доминираше, Србите се прикажаа на далеку повисоко ниво синоќа во Ајндховен против Холандија.

„Лалињата“ на крајот славеа со 2-1 со голот на Циркзе, но нивниот селектор Чави веднаш по натпреварот упати комплименти на адреса на противникот.

„Патевме вечерва, Србија одигра одлично, ни создаде сериозни проблеми со песингот во првото полувреме. Тие немаат ниту еден бод и можеби некој мислеше дека ќе ни биде лесно, но Србите имаат топ-тим, го покажаа тоа и вечерва. Задоволен сум поради моите играчи и тимот, покажавме карактер кога беше тешко, потоа во вториот дел променивме некои работи во тактиката, полесно доаѓавме до шанса и заслужено славевме на крајот“, истакна Чави.

Се вчитува...