Мојсов си донесе македонски дефанзивец во Земун

Македонскиот стратег Ѓорѓи Мојсов успева да доведе три нови засилувања во српскиот прволигаш Земун, еден од нив е и македонски интернационалец.

Станува збор за Оливер Стоименовски, поранешен младински репрезентативец на Македонија кој настапува на позицијата централен дефанзивец.

Стоименовски е роден во 1999 година, а во Земун доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со Ал Јахра во ОАЕ, каде настапуваше ланската сезона.

Претходно, тој во македонското првенство има настпаувано за Работнички, Победа, Борец Велес, Македонија ЃП и за  Тиквеш.

Се вчитува...