Се поблиску е враќањето на клупскиот фудбал на европската сцена, а Манчестер Сити се соочи со неочекуван проблем откако се повреди – Ерлинг Халанд.
Извонредниот голгетер одигра по 90 минути на првите три средби на Норвешка во Лигата на Нации, беше стартер и синоќа во Португалија, но Норвежаните беа во шок кога Ерлинг самиот побара да биде заменет кон средината на второто полувреме.
Тој го напушти теренот, а по мечот заедно со останатите норвешки фудбалери од Премиер-лигата со приватен авион ја напушти Португалија.
Засега нема детали, а се очекува лекарските прегледи по враќањето во Манчестер да покажат колку е сериозна повредата. Проблемот е уште посериозен ако се земе во предвид пеколниот распоред на Сити, „граѓаните“ во првиот меч по репрезентативната пауза наредниот викенд ќе го играат големото дерби против Ливерпул на „Енфилд“, по што ќе следи и дуелот со европскиот првак ПСЖ во рамките од Лигата на Шампионите.
Пресметки на кои помошта на Халанд ќе биде и повеќе од добредојдена за Енцо Мареска…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
