Трајчевски: Потфрливме со Пелистер, сега ќе бараме бодови против Вардар

„Романтичарите“ не го стартуваа најдобро пролетниот дел од првенството, а капитенот Душко Трајчевски е самокритичен, и во името на сите фудбалери вели, дека целиот тим потфрлил на дуелот со Пелистер.

„Не стартувавме онака како што посакувавме. Не смеевме да си дозволиме пораз од Пелистер. Потфрли целиот тим, треба да бидеме самокритични и тоа да го признаеме и да се фокусираме на следниот дуел со Вардар. Недозволиво е да примиш три гола на гостување, и да се надеваш дека ќе освоиш бодови. Посебно кога знаеме дека тимот е квалитетен и способен за многу повеќе. Во ред, има и повредени фудбалери кои ни недостасуваат многу, но моравме да одиграме многу подобро против Пелистер. Сега не ни преостанува ништо друго, освен да бараме бодови на дербито против Вардар“, вели капитенот Трајчевски за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...