Единствениот македонски натпреварувач на Зимската специјална олимпијада во Австрија, Бојан Трајковски со освоени два сребрени медали денеска се врати во Скопје.
Трајковски постигна одличен успех освојувајќи сребрени одликувања во дисциплините супервелеслалом и велеслалом, максимално оправдувајќи ги очекувањата, пред се на тренерот Јован Јовановски.
„За мене ова е одличен успех. Пред патувањето во Австрија посакував еден медал, а во Скопје се вратив со две сребрени одличја“ – истакна Трајковски по пристигнувањето во Македонија.
На Зимската специјална олимпијада учествуваа повеќе од 2.500 спортисти од 107 земји од светот, кои се натпреваруваа во девет дисциплини во три скијачки центри, Шладминг, Грац и Дахштајн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА