Трајковски – втор најдобар стрелец во историјата на националниот тим, веднаш зад Пандев

Александар Трајковски со вчерашните два гола против Лихтенштајн се проби на второто место на листата на најдобрите стрелци во историјата на репрезентативниот фудбал.

Македонскиот напаѓач дојде до 18 голови и сега е втор најдобар стрелец во историјата на Македонија веднаш зад Горан Пандев кој е неприкосновен со 36 погодоци.

На третото место е Ѓорѓи Христов, со 16 голови на вечната листа на најдобрите стрелци во македонската репрезентација.

Се вчитува...