Трампа во најава: Џеко од Рома во ПСЖ – Икарди од ПСЖ во Рома

Големи промени може да се случат во Рома. Веќе е јасно дека Един Џеко не е задоволен и дека може да го напушти клубот на шест месеци. Како главна причина се наведува кавгата со тренерот Пол Фонсека.

„Волчицата“ наводно сака да го испрати Џеко во ПСЖ на позајмица, а овој траснфер може да се искористи како размена на двајца играчи, па се споменува дека Мауро Икарди би можел да дојде во Рома. Аргентинецот не игра стандардно во Париз, често е повреден и најмногу влегува од клупата за резерви.

Сепак, покрај овој трансфер, Рома има и други активности на пазарот. Најавено е враќање на Стефан Ел Шарави од Кина и тој ќе пристигне денес на медицински прегледи. Стефан ќе потпише договор на две и пол години и ќе има плата од 3,5 милиони евра по сезона.

Клубот го враќа и Брајан Рејнолдс од Далас за кого Јувентус беше заинтересиран. Тој прво ќе пристигне на позајмица, а Рома ќе има обврска да го купи за седум милиони евра.

Се вчитува...