Транспарент на навивачите на Баерн: „За пари переме се“

Навивачите на Баерн уште еднаш покажаа дека не сакаат нивниот омилен клуб да има никаква соработка со Катар. Претходно побараа клубот да го раскине договорот со спонзорот Катар Ервејз, а откако тоа не е направено, вчера на стадионот во Минхен уште еднаш покажаа дека нема да отстапат од својата намера.

И покрај тоа што големи пари се слеваат во клубот од тој спонзор, навивачите и натаму бараат клубот да се откаже. Така вчера излегоа со транспарент во кој пишува: „За пари переме се“, на кој ги има директорот Оливер Кан, и претседателот Херберт Хајнер покрај машина за перење. На сликите шефот на Баерн држи крвав дел од работничко одело, а поранешниот голман во една рака држи облека на шеик, а во друга куфер со пари.

Се вчитува...