Тренчовски: Задоволство од „Камп Пандев 2018“ (ФОТО+ВИДЕО)

ФК Академија Пандев го реализира првиот „Пандев камп 2018“ во Разлог, Бугарија, на кој земаат учество 326 млади фудбалери, дечиња родени од 2004 до 2010 година. Тие ги учат вештините на фудбалската магија од своите тренери, но гостите едукатори – врвни тренерски имиња, Александро Сагерас од академијата на Реал Мадрид и Ангелос Зазопулос од ПАОК.

Најталентираните фудбалери што ќе бидат избрани по завршувањето на кампот, ќе имаат можност за еднонеделна проба во Емполи, Џенова или некој друг италијански калчолигаш.

Шефот на стручниот штаб на сениорскиот тим, Југослав Тренчовски, го изразува своето задоволство од комплетната организација на првиот „Камп Пандев 2018“, и најавува дека во иднина, кога клубот ќе ја комплетира инфраструктурата со изградбата на сопствениот фудбалски комплекс, овој камп ќе се одржува традиционално во Струмица.

 

Се вчитува...