Тренерот на Динамо: Не знам што ќе биде со Адеми, ќе донесеме најдобра одлука за него и за клубот

Динамо Загреб попладнево се пласираше во 1/2 на Купот на Хрватска, откако со 3-1 по продолженијата ја совладаа екипата на Локомотива. Аријан Адеми го почна мечот од клупата, па влезе во 46. минута.

Тренерот на Динамо, Анте Чачиќ се врати на приказната за заминување на Адеми. Веќе некое време е познато дека играчот од средниот ред има понуда од Кина, и дека би можел во следните денови да си оди од Загреб.

„Адеми е тука додека е тука, и таа приказна не би ја развлекувал. За него постои интерес, и ќе најдеме решение кое е најдобро и за него, и за Динамо. Тоа може да биде и заминување. Излишно е да се зборува за неговата значајна улога за оваа екипа. Тој е тука 13 години и на секој меч го дава максимумот. Тој е водач, играчите го следат. Но, веројатно ќе дојде време кога Динамо ќе остане без Адеми, било тоа да е сега, за шест месеци или една година, тоа не знаеме“, рече Чачиќ.

Се вчитува...