Тренерот на Рајо по грешката на Димитриевски: Сите ние грешиме, па знаете ли колку бода ни донесе Столе?

Рајо Валјекано имаше одлична шанса да го совлада Гетафе и со три бода да се исчаки на високото четврто место на табелата, но стигна само до бод на ова тешко гостување. И тоа благодарение на грешката на Димитриевски кој му подари израмнување на Гетафе.

Сепак, тренерот на тимот од Мадрид, Андони Ираола застана во одбрана на нашиот голман велејќи дека сите правиме грешки…

„Вакви работи се случуваат, сите ние во некој период правиме грешки. А, колку бодови нам Димитриевски досега ни донесе. Не загубивме бодови поради таа грешка, таа грешка е дел од една поголема слика. Но, Столе ја има нашата поддршка, зашто сите ние грешиме или ќе згрешиме во иднина. Сепак, има многу други работи на кои ќе мора подобро да гледаме, на пример ние со играч повеќе не игравме како што треба. Има некои работи кои мене многу повеќе ме интересираат, отколку една ‘специфична грешка“, која пак нема да се случи“, рече Ираола.

Се вчитува...