Три гиганти го сакаат Депај, ама гратис

Покрај Барселона, во трката за холандскиот напаѓач Мемфис Депај, се приклучија Јувентус, Интер и Милан, но сите со една и едниствена цел, овој играч да го добијат речиси без пари.

Капитенот на Лион е привлечен за сите италијански клубови бидејќи неговиот договор со францускиот прволигаш истекува на лето. Според написите на „Франс Фудбал“, Барселона е сепак фаворит да го донесе во своите редови.

Лион не успеа да договори продолжување на меѓусебната соработка, а иако пазарната вредност на Депај според Трансфермаркт е 45 милиони евра, оваа сезона тој од Франција може да се замине без пари. Инаку, Депај досега има постигна осум гола на 17 натпревари и четири асистенции.

Се вчитува...