Тричковски стрелец, но трите бода за Здравковски во македонскиот дуел на Кипар

Дваесетичетвртото коло од прволигашкиот фудбал во Китар го одбележа и македонскиот дуел на кој се сретнаа АЕЛ Лисамол и Давор Здравковски од едната и АЕК Ларнака и Иван Тричковски од другата страна.

Тричковски го одбележа натпреварот со гол од белата точка во 42. минута, но трите бода остануваат на домашен терен откако благодарение на Берахињо и Кацаниклиќ кои ја тресеа мрежат во 11. и 35. минута, АЕЛ Лисамол славеше со 2-1.

Се вчитува...