Тричковски стрелец за реми на АЕК со АПОЕЛ (видео)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски го запиша и шестиот гол сезонава во дресот на АЕК Ларнака во кипарскиот шампионат.

Во 19. коло од најсилното првенство на Кипар, АЕК ремизираше (1-1) на гостувањето против АПОЕЛ.

Тричковски во 59. минута донесе предност од 0-1 за својот тим, но веќе во следната минута домашните успеаја да израмнат за конечни 1-1.

Се вчитува...