Тринкиери се врати во Евролигата: Нов тренер на Жалгирис!

Казас Масквитис, како и што се најавуваше, доби отказ од клупата на кошаркарскиот евролигаш Жалгирис.

По серијата лоши резултати, Жалгирис се одлучи за ангажман на нов тренер и тоа во името на поранешниот тренер на Партизан и Баерн Минхен, Андреа Тринкиери.

„Иако до пред неколку недели цврста беше довербата во Масквитис, сега се разделуваме. Резултатите не го задоволуваат клубот, ни тренерскиот штаб, па мораше да дојде до оваа заедничка одлука“ – истакна спортскиот директор на Жалгирис, и дополни:

„Нов предводник на тимот е Тринкиери и тоа мора да го раздвижи клубот напред, се надеваме дека ќе ја стабилизираме ситуацијата во клубот“.

Се вчитува...