Тројца кандидати за клупата на Вест Хем

Екипата на Вест Хем бара замена за Грем Потер, после катастрофалниот старт во Премиерлигата. Кај управата веќе расте вознемиреноста, и шансите Потер да добие отказ наскоро.

Според „Гардијан“ клубот веќе размислува за нов менаџер, а според нивните информации, во игра се три имиња.

Еден од нив е хрватскиот тренер Славен Билиќ, кој веќе работеше во овој клуб од 2015 до 2017 година, и повторно е во игра за оваа улога. Може да му биде понуден краткорочен договор, до крајот на сезоната, со можност за негово продолжување.

Исто така постои идеја за доведување на Нуно Еспирито Санто, доколу Потер си замине. Се уште не е познато дали доскорашниот менаџер на Нотингем Форест е подговен веднаш да се нафати на нова улога.

Клубот исто така размислува и за екс менаџерот на Евертон, Шон Дајч кој исто така е без ангажман во моментов.

Се вчитува...