Тројца македонски планинари во хуманитарен потфат

Миленка Шаровиќ, Васко Русевски и Христифор Саракинов ќе искачат вкупно 11.983 метри на Елбрус и Алпите во хуманитарен потфат за поддршка на семејствата кои се соочуваат со ретки болести.

Тие објавија јавен повик до поединци и компании да донираат по 2 денари од искачен метар за фонд кој ќе биде наменет за поддршка на семејствата кои се борат со некаков вид на ретка болест.

„Врвовите кои секојдневно ги искачуваат овие семејства се неспоредливо потешки од било кој планинарски врв на светот и за тоа симболично со овој наш поход сакаме да го свртиме вниманието кон вистинските херои од нашето соседство и заедно со помошта од компаниите и поединците што ќе се вклучат во оваа акција барем малку им помогнеме” – велат Миленка, Васко и Христофор.

Акцијата на тројцата планинари е во координација со Здружението за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ кои долги години се гласот на семејствата кои се соочени со предизвиците кои ретките болести ги носат.

Сите поединци и компании кои ќе се вклучат во акцијата ќе бидат објавени на специјална веб страница, споменати во сите соопштенија за медиуми и нивните логоа ќе се постават на знамето кое ќе се носи и поставува на сите планинарски врвови низ целата тура.

Детали за акцијата и можностите за донирање може да се погледнат на следниов ЛИНК.

Се вчитува...