Црно дерби во Милано: Навивачи на Наполи прегазиле фан на Интер

Еден навивач на Интер почина утрово во болница во Милано по хаотичната ноќ во која имаше и дваесетина повредени лица по тепачките меѓу навивачите на Интер и на Наполи. Трагедијата се случила еден час по завршувањето на големото дерби, а навивачот настрада откако бил прегазен со комбе во кое се возеле навивачи на Наполи.

Комбето со навивачи на Наполи налета на група фанови на Интер. Најпрвин имаше тепачка, кога домаќините го опкружија комбето, па гостите од Неапол излегоа и дојде до физичка пресметка. Летаа тврди предмети на сите страни, а кога „наполитанците“ тргнаа да бегаат, прегазија еден од навивачите на Интер“ – информираат италијанските медиуми.

Утрово беше обелоденето дека 35-годишното лице починало во клиниката во Милано, каде докторите ја загубиле битката за неговиот живот.

Се вчитува...