Црвена Звезда гази дома, Алба демолирана во Белград

Црвена Звезда е без триумф на гостувањата во Евролигата, но „црвено-белите“ затоа делуваат исклучително моќно кога играат на домашен терен. Доказ за тоа беше и вечерашниот дуел со Алба Берлин на кој вицешампионот на АБА го демолираше германскиот претставник со убедливи 85-71.

Белградскиот тим уште од самиот почеток наметна темпо на брза игра во нападот, Алба успеваше да парира во првата четвртина (25-22), но како што одминуваше времето така гостите се повеќе губеа здив, а предноста на Црвена Звезда се зголемуваше. Теодосиќ и Недовиќ маестрално раководеа со нападите на „црвено-белите“, во поентерски ритам повторно влезе и Гидреитис, па српскиот претставник не дозволи победата да биде доведена во прашање, на крајот славејќи со преубедливи „плус четиринаесет“.

Недовиќ беше најефикасен со 20 поени и пет асистенции, Гидреитис постигна 19 поени, додека прв стрелец на Алба во убедливиот пораз беше Олинде со 13 поени.

Се вчитува...