Селекторот на Англија , Томас Тухел, објасни зошто Трент Александар-Арнолд, кој ова лето му се приклучи на Реал Мадрид од Ливерпул , не беше повикан, туку ги повика Рис Џејмс и Тино Ливраменто за квалификациските натпревари за Светското првенство против Андора и Србија во септември.
Тухел рече дека разговарал со Трент, и лично му ја соопштил причината зошто не го повикал за овие два натпревари.
„Разговарав со Трент. Беше тежок телефонски разговор, но сакав да го слушне од мене. Тој тоа го ценеше и беше многу јасен дека очајно сака да се врати во репрезентацијата. Сето тоа е комбинација од фактори, прашање на конкуренција. Пред сè, мислам дека Трент е играч кој треба да ја почувствува довербата и љубовта од својот менаџер и соиграчите, и во неговиот клуб и во репрезентацијата и навивачите, тоа му е потребно. Рис е во подобра форма на истата позиција во моментов, исто така, добро се претстави за време на последните два кампа за репрезентацијата. Исто така, се фокусиравме на Тино Ливраменто поради неговата брзина, кој исто така има способност да игра на двете крила.Бен Вајт исто така имаше добри шанси да биде повикан, имаше добри летни подготовки, слушнав добри критики, но веднаш потоа се повреди“, објасни Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

