Тухел сменет поради контроверзно интервју?!

ПСЖ го раскина договорот со Томас Тухел, ден откако тимот од „Паркот на Принцовите“ славеше со 4-0 над Стразбург, но и ден откако „Спорт1“ објави интервју со германскиот стратег во кој 47-годишникот го критикуваше раководството на клубот.

„Во овие шест месеци искрено се прашував: Дали сум тренер или спортски политичар, министер за спорт? Каде е мојата улога како тренер на овој клуб? Понекогаш работата е навистина предизвикувачка бидејќи на ПСЖ влијаат многу работи кои не се во интерес на тимот. Јас го сакам фудбалот, а во овој клуб не се работи секогаш за фудбал. Тажен сум бидејќи моите успеси не се ценат“ – изјави Тухел.

Француските медиуми веруваат дека токму поради ова интервју германскиот стратег добил отказ. По натпреварот со Стразбург на прашањата на новинарите за интервјуто, Тухел одговори дека тоа е само шала и се е лошо преведено.

„Не говорев за политика. Верувам дека е погрешно преведено. Погледнете го интервјуто, реков дека ПСЖ е посебен клуб и голем предизвик и дека ништо се нема променето. Мене ми беше кажано дека се работи за емисија посветена за германски тернери, а не дека давам интервју за „Спорт1“. Се шалев на германски, а предводот не е добар. Не можете да преведете збор до збор. Тоа беше само шала. И не дадов дозвола тоа да се објави како интервју“ – додаде Германецот.

Се вчитува...