Турбо-старт на вториот дел: Два гола на Трајковски за веќе 3-0… (ВИДЕО)

Македонија веќе ја осигура предвидената победа против аутсајдерот Лихтенштајн во второто коло од квалификациите за СП 2022.

Во само три минути, два гола на Александар Трајковски во 51. и во 54. минута за убедлива предност веќе од 3-0.

Најпрво по акцијата на Елмас и Барди од левата страна, Трајковски од самата линија погоди во празната мрежа на противниците, а потоа погоди и во 54. минута за 3-0 со одличен шут од 16 метри.

Се вчитува...