Убав гол на Давид Бабунски за триумф на Мезоковешд!

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски го запиша својот прв гол сезонава во дресот на Мезоковешд во унгарскиот шампионат.

Бабунски беше еден од најзаслужните за победата на неговиот тим на гостувањето против Пакс од 0-2.

Македонскиот фудбалер влезе во игра на почетокот од второто полувреме, а во 53. минута постигна убав погодок со полуволеј шут од 15 метри за водство на Мезоковешд од 0-1.

Конечните 0-2 ги постави Молнар во 62. минута од средбата.

Се вчитува...