„Ученикот на Нагелсман“ нов тренер на Хофенхајм

45-годишниот американски стручњак Пелегрино Матарацо е најзначен за нов тренер на Хофенхајм. Тој во неговото скромно тренерско искуство три години седеше на клупата на Штутгарт од 2019 до 2022 година, а претходно беше тренер и на фудбалските кадемии на Нирнберг.

Интересно е тоа што во текот на академијата за тренери во Германија, Матарацо бил цимер со сегашниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, а подоцна токму Матарацо му се приклучил во стручниот штаб на Нагелсман во Хофенхајм.

Матарацо доаѓа на местото на Андре Брајтенрајтер кој доби отказ од Хофенхајм по слабите резултати.

Се вчитува...