УЕФА и ФИФПро се вмешаа во случајот расизам во Италија

Во инцидентот на мечот меѓу Интер и Наполи кога беше навредуван Калиду Кулибали не биле испочитувани протоколите во случај на расистички напад кон  некој од актерите на теренот сметаат УЕФА и ФИФПро. Двете организации во заедничко соопштение реагираа на случувањата кои неколку дена го потресуваат италијанскиот фудбал, а резултираа со казна од два меч без публика за Интер.

„Многу сме загрижени за неприфатливиот инцидент и особено поради фактот дека не беше спорведен познатиот протокол против расизмот кој се состои од три чекори. Кулибали беше жртва на расистички напад. Наполи неколкупати го информираше судијата за случувањата. Ги поддржуваме италијанските фудбалски власите во сите одлуки и активности што ќе ги преземат во борбата против расизмот“ – стои во соопштението.

На дуелот меѓу Интер и Наполи, Кулибали беше очигледна жртва на расистички навреди, тој бесот го истури на теренот, а судијата му даде црвен картон. Карло Анчелоти неколкупати побара средбата да биде прекината.

Се вчитува...