Украина е првиот финалист во овогодинешното издание од Европската лига, откако во полуфиналната пресметка од Ф4 турнирот во Данска оваа селекција по голема битка ја совлада Шведска со 3-2 во сетови. Иако потешко од очекувањата, Украинците успеаја да ја оправдаат фаворитската улога, па сега во големото финале го очекуваат подобриот од дуелот Данска – Македонија, што на програмата е од 19 часот.
Швеѓаните изненадија со подобра игра во првиот сет и заслужено водство од 25-23, по што Украина ја презеде контролата и го сврти резултатот во своја полза (25-19, 25-16). Скандинавците собраа сили за да израмнат на 2-2, за потоа во драматичјниот тајбрејк Шведска да не искористи меч-топка при 14-13, па на крајот Украина да триумфира со конечни 18-16.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА